НБРМ со мерки за поевтини кредити за нето-извозниците и производителите на струја

Bez autora
Nov 29 2012

Нови нестандардни мерки на монетарната политика за ублажување на последиците од кризата, преку поддршка на кредитирањето и подобрување на платнобилансната позиција на државата, донесе во четвртокот Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Мерките, кои се донесени на денешната дванаесетта седница на Советот на НБРМ, треба во крајна линија да придонесат за поттикнување на економскиот раст на државата. Најновите мерки носат промени кај инструментот задолжителна резерва, каде се овозможува намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени од споменатите претпријатија.

НБРМ со мерки за поевтини кредити за нето-извозниците и производителите на струјаНови нестандардни мерки на монетарната политика за ублажување на последиците од кризата, преку поддршка на кредитирањето и подобрување на платнобилансната позиција на државата, донесе во четвртокот Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Мерките, кои се донесени на денешната дванаесетта седница на Советот на НБРМ, треба  во крајна линија да придонесат за поттикнување на економскиот раст на државата.

Најновите мерки носат промени кај инструментот задолжителна резерва, каде се овозможува намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени од  споменатите претпријатија.

Со овие промени, всушност, се создаваат услови за намалување на цената на кредитите одобрени на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија, а истовремено се придонесува за  зголемување на обемот на кредитна поддршка за овие значајни сектори од економијата, појаснуваат од НБРМ.

Бидејќи станува збор за нестандардна мерка, се предвидува оваа измена да се применува заклучно со 2014 година, кога зависно од постигнатите резултати, ќе се преиспита потребата од натамошна примена.

Советот донесе и одлука со која се врши прецизирање и зајакнување на улогата на Народната банка во однос на одржувањето на квалитетот на книжните и кованите пари на високо ниво, преку нејзино директно вклучување во процесот на контрола при обработката кај банките, како непосредни извршители на оваа активност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik